Македонија победи на последната контролка пред Европското првенство!
Ракометната репрезентација на Македонија имаше успешна генералка пред стартот на Европското првенство и славеше со убедливи 35-27 над данскиот прволигаш Мидтјиланд. Шанса на мечот против екипата од Хернинг, градот во кој ќе ги играме натпреварите на континенталниот собир, добија сите ракометари, а селекторот Кирил Лазаров со сигурност може да биде




