Денвер ги „гази“ ривалите без Јокиќ во тимот, Томпсон стигна до 17.000 поени во кариерата
Кога Никола Јокиќ се повреди пред еден месец, многумина се уплашија дека играта на Денвер нагетс ќе се распадне. Сепак, тимот од Денвер покажа одличен карактер и тимски дух, покажувајќи дека не зависат само од еден играч, па макар тоа било и Јокиќ. Утрово, Денвер славеше над Вашингтон со 121:115, што е четврта победа по ред, односно шеста во последните


