Почина Љубомир Стојсављевиќ-Кучкар, легендарниот македонски басист и член на „Бастион“
Почина легендарниот македонски бас гитарист Љубомир Стојсављевиќ-Кучкар, еден од членовите на култната њу вејв/рок група од 1980-тите, „Бастион“. Роден во 1959, Стојсављевиќ прво свирел во групата „Уста на уста“, по што им се придружил на Кирил Џајковски и Ана Костовска во „Бастион“, каде што како четврти член фигурирал Милчо Манчевски. „Бастион“ постоеше



