Драма на панаѓур: луѓе виселе заглавени на вртелешка три часа во Хамбург
На панаѓур во Хамбург, 23 лица седнале на столчињата на вртелешката и започнале возење кое обично трае неколку минути. Од столчињата обесени на синџири, гостите се симнале три часа подоцна, со помош на пожарникари. Вртелешката се заглавила и луѓето останале да висат триесет метри над земјата, соопшти полицијата. Неколку единици на полицијата и противпожарната








