Почнува 24-тото издание на „Синедејс“ посветено на Дејвид Линч
Дваесет и четвртото издание на Фестивалот на европски филм Синедејс почнува на 3 декември и ќе трае до 10 декември. Мотото годинава е „Се гледаме на другата страна“. Ќе се прикажат над 60 филмови во осум програми, а ќе има и работилница „Маркетинг на филм“. Два филма се на почетокот на фестивалот: „Тоа беше само несреќа” во режија на Џафар Панахи,










