Дарио Ивановски одличен во Севиља, со трет најдобар маратон во неговата кариера
Македонскиот маратонски рекордер Дарио Ивановски продолжува да испишува историја на меѓународната сцена. Членот на АК Скопски Маратон блесна на престижниот Zurich Seville Marathon, каде денеска оствари извонреден резултат од 2 часа, 12 минути и 23 секунди. Станува збор за трет најдобар маратон во неговата кариера, со време кое речиси целосно го повторува




