Завршува Вевчанскиот карневал
Со последното Василичарско оро и ритуалното палење на маските, денес завршува Вевчанскиот карневал. Во два дена исполнети со сатира, хумор и симболика, беа заокружени вековните обичаи што се пренесуваат од генерација на генерација. Карневалската приказна привлече голем број посетители, а од уникатните обреди беа фасцинирани и членовите на Светската










