Гордан Спасовски со прва награда за биг-бенд композиција во Холандија
Македонскиот композитор, аранжер и пијанист Гордан Спасовски, кој е и член на Националниот џез-оркестар, ја освои првата награда на престижниот меѓународен натпревар за биг-бенд композиција, кој се одржа во градот Зволе, во Холандија. Организатор е Милениум џез-оркестарот од Холандија, а на овој реномиран натпревар тој победи со композицијата „Lioness“




