Премиера на концертот за деца „Магичната флејта на Вулфи“
На 14 март (сабота) со почеток во 12 часот, Македонската филхармонија ќе одржи Симфониски концерт за деца насловен „Магичната флејта на Вулфи“. Авторка на приказната, којашто ќе биде и нараторка на концертот, е Тина Иванова, додека како актер ќе настапи миленикот на детската публика, Мартин Јордановски. Диригент е маестро Иван Еминовиќ, а оркестарот







