Меџити: САД остануваат стратешки партнер за зајакнување на институциите и развојот на земјата
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, оствари средба со г-ѓа Никол Варнс, вршителка на должност во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје, при што се разговараше за актуелните случувања во земјата, зајакнувањето на институциите и унапредувањето на реформите што ја приближуваат Северна Македонија до евро-атлантските стандарди








