„Ничија земја“ на МНТ ја освои Будимпешта и предизвика емотивна дискусија меѓу актерите и публиката во унгарскиот театар
Синоќа, на големата сцена во Националниот театар (Nemzeti Színház) во Будимпешта, Македонскиот народен театар ја одигра наградуваната претстава „Ничија земја“. Со неколкуминутен громогласен аплауз, публиката ги награди македонските актери, кои страсно и во еден здив ја одиграа претставата. Директорот на МНТ Никола Кимовски потпиша Договор за соработка










