МСУ и Велимир Жерновски го подготвуваат македонскиот проект за Венециското биенале
Проектот „Пиета во прекривките на ургентноста“ од реномираниот мултимедијален уметник Велимир Жерновски ќе биде македонскиот национален претставник на 61. Биенале за уметност во Венеција, кое ќе се одржи од 9 мај до 22 ноември 2026 година. Македонскиот павилјон ќе биде сместен на локацијата „Спацио Кастело 77“, во близина на престижното Арсенале. Претставувањето









