Питер Бижу: По снимањето на „Мисисипи гори“, ми беа потребни неколку недели за емотивно да закрепнам
Во мојата кариера работев сè. Бев и асистент на снимателот. Тоа ми помогна да се изградам себеси и да изградам самодоверба, рече Питер Бижу, извонредниот кинематографер, оскаровец и добитник на Златна камера 300 за животно дело на годинашното 44. издание на ИФФК „Браќа Манаки“. Тој одржа мастерклас во киното „Манаки“, кое беше преполно со домашни