Ново истражување: Не е важно само што јадете, туку и со кого јадете!
Вечерањето сам може да предизвика чувство на осаменост. Недостатокот на социјална поврзаност може дури и да влијае врз начинот на кој телото го обработува оброкот. Нова студија, објавена во списанието Science Advances , открива докази дека јадењето во друштво на други луѓе може да му помогне на телото да одржи избалансирано ниво на шеќер во крвта.


