„Архангел“ со нова музика во пресрет на големиот самостоен концерт: објавен синглот „Дни оловни“
Повеќе од две децении по нивниот последен студиски албум, македонскиот рок состав „Архангел“ официјално се враќа со нова музика. Со објавувањето на синглот „Дни оловни“, чиј автор на музиката и текстот е фронтменот Ристо Вртев, бендот го најавува своето петто дискографско издание во пресрет на големиот самостоен концерт „Срцевина“, закажан за 13 јуни



