Секој петти граѓанин во Македонија живее под прагот на сиромаштија
Државниот завод за статистика ги објави најновите лаекенски индикатори за 2024 година кои откриваат дека стапката на сиромаштија во Македонија изнесува 21,9 проценти. Ова значи дека повеќе од една петтина од населението живее со приходи кои се под дефинираниот праг на сиромаштија, кој е поставен на 60 отсто од медијалниот еквивалентен приход во државата









