Свлечиштето кај Теферич се шири: Патот буквално се распаѓа, експертите бараат итна реакција
Ситуацијата со свлечиштето кај Теферич станува сè поалармантна, откако во последните денови дошло до ново и значително проширување на оштетувањата на патот, кој веќе е сериозно деформиран и небезбеден за користење. Според наодите од терен, расцепот на коловозот, кој првично се појави пред повеќе од еден месец, во меѓувреме се зголемил неколкупати,



