Утре започнува јубилејното 25. издание на ОФФест
Со концерти на музичари од Мали и Јужна Африка, утре во Националната опера и балет во Скопје ќе биде отворено 25. издание на ОФФест, еден од најзначајните фестивали на светска музика во регионот. Фестивалот започнува во 20 часот со настапот на триото Guitari Baro од Мали, а два часа подоцна на сцената ќе се појави јужноафриканската група BCUC , позната




