Тројцата осомничени за загадувањето на водата во притвор – Асани, Нуредини и Дервиши спроведени во затворот во Скопје
Со лисици на рацете излезе од судот. Придружувана од полициски службеници, директорката на ЈП „Комуналец“ – Гостивар, Артана Асани, им порача на своите блиски дека е добро. „Добро сум, добро сум“, рече Артана Асани. По неа излегоа и другите двајца осомничени, Леон Нуредини и Вадедин Дервиши. И нивните семејства се обидуваа да им се обратат додека тие







