Албанија го прослави Денот на независноста со солзавец и барања за оставка на Рама
Наместо национална прослава, 114-годишнината од независноста на Албанија денеска беше одбележана со масовни антивладини протести, полициски кордони, водени топови и солзавец. Илјадници граѓани пристигнаа во Тирана од различни делови на земјата, барајќи оставка од премиерот Еди Рама, кој е на власт од 2013 година. На плоштадот „Скендербег“ се собраа








