Зеленски: Русија двапати се обиде со дронови да го нападне мојот авион
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија во последните неколку недели двапати се обидела со дронови да го нападне авионот со кој патувал. „Мојот претседателски авион беше во Молдавија и затоа ја нападнаа Молдавија. Кога се враќавме дома, повторно преку Кишињев, го направија истото“, изјави Зеленски во интервју за Си-Би-Ес њуз.










