ЦАРИЦАТА НА НАРОДНИТЕ ПРИКАЗНИ: Денес Шенка Колозова го слави нејзиниот роденден - еве колку години прослави!
Денес го славиме 79-тиот роденден на Шенка Колозова, жената чиј глас и талент го оживеа македонскиот народен фолклор и му даде душа на сцената. Родена е 1 февруари 1947 година во Добрево, Пробиштипско, како ќерка на Стоица и Катерина Станојкови. По завршување на студиите на Филозофскиот факултет во Скопје, во 1968 година се омажила за Ѓорѓи Колозов,

