Трамп ги укинува дополнителните тарифи за Индија по договорот за руска нафта
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, вчера потпиша извршна наредба со која се укинува „казнената“ тарифа од 25 проценти за целиот увоз од Индија, воведена поради купувањето руска нафта од страна на Индија, соопшти Белата куќа. Одлуката дојде откако Трамп претходно оваа недела објави дека постигнал трговски договор со Индија,



