Иран објави снимка со упатства за граѓаните како да преживеат нуклеарен напад
Иранските државни медиуми објавија осумминутно видео со упатства за граѓаните како да се заштитат во случај на нуклеарен напад, во време на зголемени тензии меѓу Иран, САД и Израел. Видеото, објавено на 29 октомври од државната агенција ИРНА, е подготвено од службите за итни случаи во провинцијата Исфахан, каде што се наоѓа и нуклеарниот објект Натанц










