Љуљ испиша историја: 700 натпревари и 7.000 поени во дресот на Реал Мадрид
Кошаркарот на Реал Мадрид, Серхио Љуљ, оствари два големи индивидуални рекорди во шпанската Лига Ендеса. Искусниот бек го одигра својот 700. натпревар во натпреварувањето и стана првиот играч на „кралскиот клуб“ кој постигнал повеќе од 7.000 поени во лигата. Историскиот момент го одбележа на дуелот против Сурне Билбао Баскет, на кој Реал Мадрид славеше

