Дефект го остави Драчево без вода
Од скопски Водовод известуваат дека поради дефект на приклучна цевка на ул.Драчевска бр.65, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците село Драчево. Како што се наведува во известувањето, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 12:45 часот до завршување со санација на дефектот.



