Не ве радуваат работите што некогаш сте ги сакале? Психолозите објаснуваат зошто
Некогаш едвај го чекавте викендот, дружењето со пријателите, омилената серија или прошетката. Денес ништо од тоа не ве радува. Ќе ги завршите обврските, ќе се насмеете кога треба, но чувството на задоволство како да исчезнало. Многумина ќе помислат дека се само уморни или под стрес, меѓутоа, психолозите предупредуваат дека долготрајната анксиозност

