Осветлени се натпатниците „Дијамант“ и „Маџари“ - модерен изглед и поголема безбедност на влезот во главниот град
Со цел подобра видливост и поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот, осветлени се натпатниците „Дијамант“ и „Маџари“, клучни точки на влезот во главниот град, информираше денеска градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски во објава на Фејсбук. „Со оваа интервенција, покрај зголемената безбедност, се обезбедува и поуреден, модерен и естетски


