„Не знаев дека универзумот ме подготвува за најважната премиера во нашиот живот, те чекаме малечка“, Александра Јанева објави дека е бремена
Македонската пејачка Александра Јанева преку социјалните мрежи објави дека е бремена и дека очекува девојче. „Создавајќи албум кој го слави женскиот дух, сила и љубов, не знаев дека универзумот ме слуша и подготвува за најважната премиера во нашиот живот. Те чекаме малечка“, напиша Јанева.










