Онколошките пациенти пред Министерството за здравство, бараат навремена терапија, од ресорот велат – дел е пристигната
Дел од онколошките пациенти денеска пред Министерството за здравство се појавија и потенцираа дека не бараат виновник, туку сакаат решение. Ана Марјановиќ од Здружението „Хема-Онко“ посочи дека дел од терапијата е веќе пристигната но бараат континуитет. Таа вели доколку дистрибуцијата е проблем во Македонија треба да се разговара со комори и здруженија









