Од „Фала, учителке“ до развод: што се случува во една родителска Вибер група за само неколку часа
Постои едно место каде што информацијата никогаш не останува само информација. Родителската Вибер група. Учителката ќе напише дека утре треба да се донесе тетратка по природа. Една реченица. Ништо драматично. Но родителите имаат потреба да ѝ дадат социјален контекст. Прво следуваат благодарностите. „Фала“, „фала многу“, „фала, учителке“, па уште едно
Тетовски татко сподели дел од муабетите што ги прават родителите на заедничката Вибер група
РОДИТЕЛСКА ВИБЕР ГРУПА Затоа што, детето во школо оди по знаење. Родителот оди на Вибер или Ватсап и таму нема милост. Учителката во 17:03 пишува: „Почитувани, утре децата треба да донесат тетратка по природа.“ И си оди. Жената си кажала сè што треба да се каже. Тетратка. По природа. Утре. Четири зборови кои до 22 часот ќе произведат уште 146 пораки



