Кит Харингтон проговори за зависноста и рехабилитацијата по „Игра на тронови“
Кит Харингтон, ѕвездата на „Игра на тронови“, отворено проговори за периодот по завршувањето на серијата и за неговата борба со зависноста. Актерот, кој осум сезони го играше Џон Сноу, во разговор со колегата Питер Динклиџ за Variety откри дека во 2019 година, токму додека се емитувала последната сезона на HBO хитот, се пријавил во установа за рехабилитација





