Две актерски награди за МНТ: Тања Кочовска и Тони Михајловски наградени на фестивалот во Никшиќ
Актерите на Македонскиот народен театар, Тања Кочовска и Тони Михајловски, се закитија со две значајни признанија на 22. Меѓународен фестивал на глумецот во Никшиќ, Црна Гора. За своите улоги во претставата „Страв и надеж“, Кочовска ја освои наградата за најдобра женска епизодна улога, додека Михајловски беше прогласен за најдобар актер во машка епизодна










