Клиентите на „Алта банка“ без картички од денеска ќе можат да подигнуваат готовина
Пензионерите и примателите на социјална помош кои имаат сметки во „Алта банка“ АД Битола, но немаат платежни картички, од денеска ќе можат да располагаат со своите средства преку исплата во готовина на шалтерите на банката. Од банката информираат дека клиентите ќе можат да подигнат најмногу 20.000 денари, што е дозволениот износ за период од две недели










