Почина Тихомир Јанчовски, поет, писател, преведувач
Во 59-тата година од животот, денеска почина Тихомир Јанчовски, поет, писател и преведувач. Јанчовски е роден на 24 август 1967 во Скопје. Дипломирал општа и компаративна книжевност на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во 1991 година. Специјализирал во Будимпешта, на катедрата за Средновековни студии на Централно-европскиот универзитет. Магистрирал










