Ретроспективна изложба на академскиот сликар Кирил Ефремов во Даутпашиниот амам
„Меѓу реалноста и сонот“ е насловот на ретроспективната изложба на која ќе се презентира творештвото на академскиот сликар Кирил Ефремов, а ќе биде отворена на 25 декември 2025, во 19 часот во Даутпашиниот амам. Творештвото на Кирил Ефремов во доменот на надреално-фантастичното сликарство има посебно значење во поширокиот контекст на македонската уметност



