Охридски бисери за уметниците Ермонела Јахо, Чарлс Кастроново и диригентот Марко Боеми, утревечер почнува 66. Охридско лето
Сопранистката Ермонела Јахо од Албанија, тенорот Чарлс Кастроново од САД и диригентот Марко Боеми од Италија пристигнаа во Охрид каде утревечер во 21 часот во Античкиот театар ќе настапат на отворањето на 66. фестивал „Охридско лето“. Директорот на фестивалот, Ѓорѓи Цуцковски, денеска ги пречека врвните уметници и им посака топло добредојде во Охрид










