Промоција на романот „Страв од чекорење“ од Ѕвездан Георгиевски
Во бистрото „Комедија“ во Скопје денеска (25 март) ќе се одржи промоција на романот „Страв од чекорење“ („Бегемот“, 2025) од Ѕвездан Георгиевски. Промотор на романот ќе биде Војо Љ. Цветановски, пантомимичарски етиди ќе изведе Дарко Вељиќ, делови од романот ќе чита Енџи Николоска, а за музиката ќе се погрижи Костадин Шурбановски. „Страв од чекорење“




