МФ: Запишани граѓански обврзници од над 2 милијарди денари, одржана аукцијата за третата емисија
Над 2 милијарди денари или 33 милиони евра се запишаа во граѓански обврзници од третата емисија, за која проспектот беше објавен на 26 ноември, а денеска се спроведе аукцијата. Интересот беше значително поголем од објавениот износ со проспектот во висина од 100 милиони денари. На аукцијата беа запишани граѓански обврзници од страна на 1543 граѓани




