Смртта кај Смилковци се истражува како убиство, Тошковски вели дека истрагата е во почетна фаза
Смртта на 38-годишниот маж пронајден на скопската обиколница кај Смилковци се истражува како убиство, потврди министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тој денеска изјави дека истрагата е во почетна фаза и засега не може да открие повеќе детали. „МВР го класифицираше настанот како убиство, но сè уште сме во рана фаза“, изјави Тошковски. Телото










