Од диви депонии подигнати 2.750 кубни метри отпад
Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на април отстранија вкупно 2.750 кубни метри мешан комунален, кабаст и градежен отпад од диви депонии лоцирани во сите скопски општини. Најголемо количество непрописно одложен отпад е расчистено во општината Карпош. Во рамките на минатиот месец, претпријатието подигна и транспортира 14.915 тони мешан










