Диригентот и композитор Мајк Холобер – гостин на Националниот џез оркестар
Националниот џез оркестар, ќе го изведе концертот This Rock We’re On: Imaginary letters, со диригентот Мајк Холобер, еден од најзначајните современи џез композитори и аранжери. Концертот е закажан на 18 март во Националната опера и балет, а солистички ќе настапат Андријана Јаневска – вокал, Кирил Јосифов – виолончело и Влатко Нушев – вибрафон и перкусии







