Нафтата скокна по нападот во Ормускиот теснец
Скокаат цените на нафтата. Во Македонија веќе има први корекции. Бензините од полноќ поскапуваат за еден денар по литар, дизелот засега остана непроменет, а мазутот бележи позначително зголемување. По овие најави, камерата на ТВ 24 денеска забележа и невообичаена гужва на дел од бензинските пумпи, каде граѓаните точеа гориво пред евентуални нови поскапувања









