Денес роденденот го слави Мирослав Тодоровски-Мирко, музичарот кој децении наназад остава траен печат на скопската алтернативна сценa.
Денес својот роденден го слави Мирослав Тодоровски, познат како Мирко, музичар, текстописец и фронтмен на култниот скопски состав „Културно уметнички работници“. Оваа група претставува едно од најпрепознатливите имиња во домашната алтернативна и рок сцена во последните децении. Во текот на годините, Мирко разви уникатен авторски стил како вокалист


