Детето постојано е настинато откако е тргнато во градинка? Педијатриски техничар објаснува кога треба да се загрижите
Р одителите на децата што одат во градинка често имаат впечаток дека нивното дете постојано е болно. Таман ќе помине настинката, ќе се намали течењето на носот и ќе престане кашлицата, веќе се појавуваат нови симптоми. И така, од една инфекција во друга. Иако ваквата ситуација може да биде исцрпувачка и загрижувачка, честите настинки се вообичаени


