Унгарска вечер на „Охридско лето“ со Ноеми Салаи и Александра Балог
Музичката програма на годинешното 66. издание на фестивалот „Охридско лето“ продолжува со Унгарската вечер и целовечерен концерт на кларинетистката Ноеми Салаи и пијанистката Александра Балог. На концертот ќе бидат изведени дела од Роберт Шуман, Мате Бела, Золтан Кодај, Реже Кокаи и Бела Барток, во програма во која се преплетуваат германскиот романтизам



