Мурињо: Сакам да го елиминирам Реал, а Арбелоа да ја освои Ла Лига
Тренерот Бенфика, Жозе Мурињо, имаше емотивно обраќање, во пресрет на натпреварот со Реал Мадрид во Лигата на шампионите. Португалскиот стручњак ги негираше медиумските пишувања, дека наскоро ќе се врати на „Сантијаго Бернабеу“, а потоа со голема почит зборуваше за својот поранешен клуб. „Тие приказни не се точни“, рече Мурињо кога беше прашан за теоретско





