Фестивалскиот оган од вечерва по 54. пат ќе гори за врвната оперска уметност
Со премиерата на две оперски претстави од Џакомо Пучини – „Сестра Анџелика“ и „Џани Скики“, вечерва во 20 часот ќе биде отворен 54. фестивал „Мајски оперски вечери“ во Националната опера и балет во Скопје. Фестивалскиот оган ќе го запали нашата сопранистка со меѓународна кариера, Ана Дурловски. Седум оперски претстави од Пучини и Верди ќе бидат на










