Алегри: Да бидеме реални, целта на Милан е ЛШ, а не титулата во Серија А
Лацио го победи Милан со 1:0 во 29-то коло од Серија А. Со овој пораз, Милан значително ги намали шансите во ловот на водечкиот Интер, кој сега има осум бода предност. Во случај на победа, Милан можеше да стигне до негатива од пет бода, откако Интер одигра 1:1 против Аталанта во саботата, но голот на Густав Исаксен во 26-та минута го реши натпреварот


