Четворица мажи избодени во центарот на Лондон, уапсена жена
Четворица мажи се избодени денеска во лондонската населба Ковент Гарден, а полицијата приведе жена на возраст од околу 40 години, јави „Скај њуз“. Жената е уапсена под сомнение за напад и недозволено поседување оружје. Повредените добиле прва помош на местото на настанот, по што биле пренесени во трауматолошки центар во близина на центарот на Лондон






